ВМРО-ДПМНЕ: Куманово пример за способноста на СДСМ да се справи со загадувањето

 

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешното соопштение од СДСМ оцени дека таа партија ја покажала способноста за искрено справување со проблемот со загадување во Куманово, каде 12 години е на власт, а која, како што посочува, е најзагадена општина во Македонија и Европа и со 50 проценти повеќе од кој било друг град во државава.

- СДСМ и соросовите платеници од таканаречените невладини организации за овој случај молчат, но нивното лицемерие е гласно. Се покажаа како целосна лага и виртуелни ветувања, проектите за наводна гасификација на Куманово, наведува ВМРО-ДПМНЕ. 

Според ВМРО-ДПМНЕ, Куманово е најзагадениот град поради сообраќајниот хаос и непланската и дива урбанизација, градот е претворен во депонија и не е реализирана ветената  гасификација.

- Владата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во идниот период ќе ги реализира проектите кои што ги изгласаа граѓаните, а кои ќе придонесат за поздрава животна средина, истакнува во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ.

Додава дека проектите како субвенционирање греење на пелети, субвенционирање на набавка на елиектрични возила и набавка на електрични автобуси, воспоставување на реална гасификација на цела Македонија, а не виртуелна каква што Заев и СДСМ ветувале  ќе придонесат за подобрување на квалитетот на воздухот во урбаните средини и подобрување на животната средина, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ“.

 
 
03.01.2017 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега