Јавна седница на ДКСК
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе одржи јавна седница.
Членовите на Комисијата ќе ги разгледаат поднесените приговори во врска со член 8-а од Изборниот законик од Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија-Скопје, преку овластено лице Стевица Јосифовски против Министерството за правда, АД Македонска пошта, подружница ГЦПС Скопје 2, НУ „Театар за деца и младинци“ и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата ќе бидат разгледани и приговорите во врска со член 8-а од Изборниот законик од Наталија Белчевска од Валандово против Агенција за вработување на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа