Заврши Лигата на шампионите за Кире Лазаров

- Екипите на Барселона и на Кил се пласираа во полуфиналето од ракометната Лига на шампионите, откако во четвртфиналната фаза беа поуспешни од своите противници Атлетико и Веспрем.

Во „Блауграна“ во шпанската пресметка од четвртфиналето од Лигата на шампионите Барселона вечерва го надигра Атлетико Мадрид и постигна победа од 32:24 и со тоа ги анулираше 25:20 на мадриѓаните од првиот дуел.

Каталонците по 3:3 направија серија од 9:0 и стигнаа до 12:3. На почетокот на вториот дел Барселона ги имаше и највисоки 22:11 – 42.минута, но потоа и тие веќе немаа сила да го задржат високиот ритам, па Атлетико имаше шанса да стигне до пристоен пораз.

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров за поразената екипа постигна шест голови (три од 7 метри), а и не реализира два седмерци во првиот дел.

Најефикасен кај Атлетико беше Жулиен Агинагалде со 11 голови. Кај победникот Сергеј Рутенка постигна 11 голови, додека голманот Даниел Шариќ имаше 18 одбрани.

Прв пласман на завршниот турнир обезбеди европскиот првак Кил, откако и во реваншот на гостински терен го победи унгарскиот првак Веспрем со 29:28 (61:59 вкупно).

Со ова победа европскиот првак Кил ги задржа шансите да ја одбрани титулата.

Утре се играат натпреварите Киелце – Металург (27:25 прв натпревар) и Хамбург – Флензбург (32:26).

Екипите на Кил и на Барселона се пласираа на „Фајнл фор“ турнирот во Келн што ќе се игра на 1 и 2 јуни.

најчитано сега