Снежната покривка 83 сантиметри - попладнево повторно снег
До 13 часот и 30 минути најголема снежна покривка од 83 сантиметри има во Маврови Анови, 68 Пожаране, 52Лазарополе, 33 Дебар, 30 Тетово, 29 Тополчани, 28 Ѓуриште, 26 Кр.Паланка, 23 Берово и Крушево, 21 Битола, 20 Охрид, 18 Скопје-Петровец и Куманово, 17 Штип, 15 Скопје-З.Рид, 14 Прилеп, 12 Струмица и Д.Капија, 10 Виница, 8 Претор.
Времето денеска е облачно и студено со локални врнежи од снег со послаб интензитет. Дува умерен до засилен северен ветер, кој воШтип достигнува брзина од 75км/ч.
Попладне ќе се задржи облачно, студено и ветровито време со локални врнежи од снег со слаб интензитет. Во вечерните часови врнежите постепено ќе престануваат. Температурата ќе биде во интервал од -10 до -2 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремен слаб снег и со умерен до засилен северен ветер.. Температурата ќе биде околу -7 степени..
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа