Пробиен патот до велешките села Сливник и Клуковец

Во Велешко денеска беше пробиен патот до селата Сливник и Клуковец.

Центарот за управување со кризи информира дека патиштата во Велешко ги чистат механизирани екипи на барање на локалната власт, која ги ангажира. Во Велешко непроодни се уште три села: Рудник, Лугунци и Ветерско и сите се лоцирани над езерото „Младост“.

Орце Николовски од службата за информирање на општина Велес соопшти дека до нив води непрооден и неасфалтиран пат.

- Не знаеме кога ќе биде исчистен патот до нив. Исчистени се сите села во Велешко до кои води асфалтен пат, а денеска беа исчистени патиштата и до селата Сливник и Клуковец, информира Николовски.

Тој истакна дека се во постојан контакт со малкуте жители на овие три велешки села.

- Во случај на итни потреби од храна, огрев, медицинска помош и слично ние веднаш интервенираме до нив, заедно со екипи на Општинскиот Црвен крст, информира Николовски. 

 
 
09.01.2017 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега