Струмичани мака мачат со голомразицата- отсечени населени места, жителите се снаоѓаат сами!

Ниските температури во земјава ги замрзнаа патиштата. Состојбата на патиштата е доведена под контрола, но голем дел од улиците во Струмица се уште се непроодни, замрзнати и неисчистени.

Тротоарите низ Струмица се преполни со мраз, а резултат на тоа се многубројните скршеници на граѓаните од сите возрасти, кои се повеќе ги полнат ходниците во општата болница.

Состојбата во струмичките села е алармантна.

Во село Рич жителите веќе 4 дена се заробени. Од таму во телефонски разговор за Телеканал А1, велат дека освен со теренско возило со ништо друго не може да се стигне до селото.

Иако се јавиле да побараат помош кај надлежните, се уште очекуваат расчистување. Жителите се снаоѓаат како знаат и умеат.

Од општина Струмица пак, преку писмено соопштение ги повикуваат грѓаните кои имаат проблеми со снегот и мразот да ги пријават во „Комуналец“ и истакнуваат дека нивната екипа е на терен и ги чисти улиците.

 
 
09.01.2017 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега