Македонија во бело, 70 сантиметри снег - еве каде натрупа најмногу

Висината на снежната покривка е 49 сантиметри во Пожаране, 45 во Лазарополе, 35 во Тополчани, 28 во Тетово, 27 во Дебар, 24 во Крушево, 23 во Ѓуриште, 22 во Берово, 17 во Крива Паланка, 16 во Битола, 12 во Куманово и Демир Капија, 11 во Охрид и Претор, 10 во Штип, Прилеп и Виница, 9 во Струмица, 8 во Скопје Зајчев Рид и Скопје Петровец и еден сантиметар во Дојран.

Температурата е -18 во Лазарополе и Крушево, -16 во Ѓуриште, -15 во Тополчани, Пожаране и Берово, -14 во Дебар и Прилеп, -13 во Виница, Претор, Крива Паланка, Куманово и Тетово, -12 во Битола, Скопје Зајчев Рид, Охрид и Скопје Петровец, -11 во Штип, -10 во Демир Капија и Струмица, -9 во Дојран и -8 во Гевгелија.

До осум часот се наврнати три литри на метар квадратен воден талог во Маврово, два во Крушево, Претор, Д. Капија, Ѓуриште, Лазарополе, Пожаране, еден во Тетово, Битола и Дојран, нула во Гевгелија, Скопје, Прилеп, Виница, Кр. Паланка, Тополчани, Штип, Берово, Дебар, Куманово, Охрид, Струмица,

Според УХМР, утрово во земјава е облачно и многу студено, на повеќе места со врнежи од снег со слаб, а на планините и во источните делови врнежите од снег се со  умерен интензитет. Дува слаб ветер од северен правец и повеќе е изразен на повисоките места, долж јужното Повардарие и Штипскиот регион.

 
 
10.01.2017 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега