Втор снежен бран во источна Македонија - екипите на терен, патиштата чисти
Вториот снежен бран најмногу снег донесе во беровскиот регион. Техничкиот раководител на ЈП „Македонија пат“ - Штип, Кире Коцев вели дека утринава во Малешевискиот регион имаат нова снежна покривка од 15 сантиметри. Тој забележува дека и покрај снежните врнежи во источна Македонија од утринава се исчистени сите магистрални и регионални патни правци.
-Во моментов немаме никаква забрана за сообраќај, од тие причини може да се каже дека патиштата се проодни во зимски услови. Возачите задолжително да си носат зимска опрема и без неа да не тргнуваат на пат, вели Коцев.
Тој додава дека регионалниот патен правец до планината Плачковица е исчистен, но за локалните патни правци до неколку села , тие не се задолжени за чистење. Жителите на плачковичките села за чистење до нивните села треба да се обратат до општините.
Екипите на ЈП „Македонија пат“ постојано го чистат и патот до ски центарот Пониква
-Тој патен правец е еден од најодржуваните и најчист пат, иако нон стоп врне, но е прооден за сообраќај, рече Коцев.
Регионалната подружница на ЈП Македонија пат-Штип има абразивен материјал и сол, но од утре ќе пристигнат нови количини по пунктовите во источна Македонија. Солта за патиштата се очекува да пристигне деновиве.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа