Министерот Ристовски ќе ја промовира Програмата за самовработување
Денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски ќе го промовира интернет порталот за Програмата за самовработување.
Промоцијата ќе се одржи во Агенцијата за вработување на Република Македонија.
На промоцијата ќе присуствуаат и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски и помошникот на постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Весна Џутеска Бишева.
ФОТО:Влада