ВМРО-ДПМНЕ со детали за проектот за гасификација на Неготино
Од јули минатата година започна изградбата на гасоводната мрежа Штип-Неготино-Кавадарци. Овој проект треба да биде завршен до крајот на оваа година. Истиот денеска на прес конференција го презентираше пратеничката од Неготино, од редовите ВМРО-ДПМНЕ, Павлинка Честојнова која потенцираше дека тие како победничка партија со освоени 455.000 гласови ќе продолжат со реализација на проектите зацртани во програмата „Реално“.
-Употребата на природниот гас ќе обезбеди поголема заштита на животна средина и намалување на интензитетот на загадувањето на воздухот. Овој проект е вреден околу 16 милиони евра, а истиот е во должина од од 36 километри, во чиј состав се мерните станици, Штип и Неготино, посочи Честојнова.
Ова значи дека наскоро овој регион добива поевтин и еколошки енергенс. Штом заврши изградбата на гасоводната мрежа, експертите велат дека прво тој ќе влезе во производствените капацитети и тоа во оние кои сега се планираат да се изградат во Индустриските Зони во Неготино и Кавадарци. Домакинствата ќе се гасифицираат постепено. Пресметките покажуваат дека економските бенефити од употребата на природниот гас се огромни.
Дирекно преку намалување на нивните сметки, и тоа за 7% поевтинување ќе имаат оние семејства кои сега се греат на дрво, поевтинување за 35% ќе имаат оние кои сега се греат на струја, и поевтинување за над 50% за оние семејства кои користат друг вид на течни и тврди нафтени горива.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа