Груевски со честититка до новиот претседател на ЕП - верен пријател на Македонија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му го честита изборот за нов претседател на Европскиот Парламент на Италијанецот и големиот пријател на Македонија, Антонио Тајани.
-Ви благодариме што сте догогодишен искрен пријател на Македонија и на проширувањето на Европската Унија во која треба да свое место да има и Македонија. Вашиот избор за претседател на ЕП е голем успех за централно десните партии и Европската Народна Партија која е наш заеднички политички дом. Благодарни сме на вашата поддршка која ни ја дадовте при вашата последна посета на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ, стои во честитката од Груевски до Тајани.
Во честитката претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изразува надеж дека ќе продолжи соработката.
-Македонија припаѓа во Европа и Македонија останува на својот пат кон интеграција во Европската Унија, стои во честитката која до Тајани ја испрати Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа