Ѓорчев: Зоран Заев може да бега но не и да избега о правдата

 

Зоран Заев може да бега од правдата, но не може да избега.

          Благодарение на Бранко Црвенковски се спаси од одговорност за криминал тежок 8 милиони евра, а сега благодарение на Катица Јанева се спаси од одговорност за „Пуч“и директно рушење на уставниот поредок на Република Македонија.

          Зоран Заев е единствениот криминалец кој е два пати аболициран. Тој е единствениот политичар и во Европа и во светот со вакво досие. Аболицираниот Зоран Заев во политиката гледа засолниште и спас за криминалот. На тој начин смета дека е привилегиран во однос на останатите граѓани за кои важат законите.

          Катица Јанева знаеше дека има премногу докази кои ја потврдуваат вината на Заев и Верушевски. Затоа Катица Јанева одлучи да му помогне на својот штитеник и да го спаси од одговорност. Доколку и Заев и Верушевски и Јанева беа убедени дека злосторничкото здружение одговорно за "Пуч" е невино, ќе оставеа тоа да се докаже во судска постапка.

          Вака СЈО наместо да го гони криминалот, одлучи да се стави во негова одбрана.

          СЈО целосно се делегитимираше и покажа дека е непрофесионално, партизирано и политизирано.

          ВМРО-ДПМНЕ апелира Катица Јанева и другите послушници на Заев да не помислат да украдат, уништат или сокријат макар и еден доказ од предметот "Пуч".

          Ќе има правда и ќе има мир кога криминалци како аболицираниот Заев ќе одговараат пред надлежните судови.

          Народот гласаше против деструктивната и криминална политика на Зоран Заев.

          СЈО само ја поништи основната причина заради која беше формирано, а тоа беше расчистување на скандалот со незаконски прибавените и монтирани телефонски разговори.

 

          Ќе дојде времето кога професионалци кои имаат капацитет и интегритет, ќе работат според Уставот и законите пред кои се заколнале и до крај ќе го процесуираат криминалот на Заев.

 
 
21.01.2017 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега