ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не дозволија да им се повтори 15-ти септември 2002 година
Поразениот СДСМ лаже штом ќе зине и затоа повторно беше поразен, а граѓаните не дозволија да им се повтори 15-ти септември 2002 година и одново да бидат измамени и насамарени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
И тогаш ветуваа дека во државата ќе тече мед и млеко кога ќе дојдат на власт, дека ќе вработуваат по еден член од секое семејство, дека ќе ги поддржуваат фирмите, дека ќе ги штитат работничките права и стандард. А кога дојдоа се на власт СДСМ ја искачија невработеноста на рекордни 39%, затворија стотици фабрики, стандардот на граѓаните го помножија со нула, платите и пензиите ги ставија под мраз, а за минимална плата не сакаа ниту да слушнат.
Впрочем лицемерието на СДСМ се гледа и во тоа што во фирмите на кланот Заеви платата која им ја даваат на обичните работници е далеку од ветените 12 илјади. Во Струмица, општината во која аболицираниот криминалец беше до скоро градоначалник не е вратен ниту денар на граѓаните од давачките, туку напротив е воведен нов арач од едно евро за Вицето. Во општината која до скоро ја водеше аболицираниот криминалец поради несериозното и неодговорното работење остана индустриската зона во Сачево само празна ливада. Ова е резултат на лагите и нереалните ветувања на СДСМ.
Затоа Граѓаните не им веруваат на СДСМ и затоа не им дадоа поддршка на изборите, бидејќи катастрофалните политики на СДСМ не сакаат повторно да ги чувствуваат на своја кожа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа