„Лудо тесто„ може да го користите за било кое печиво
Го нарекоа "лудо", бидејќи од него може да се направат речиси сите бели печива,и може да се стави во фрижидер на неколку дена.
Заштедете време и направете поголеми количини и секогаш имајте спремно тесто за топли бисквити за појадок или вкусна закуска, како пица ролни.
Потребни ви се следниве состојки
1 кг брашно
- 3 јајца
- 2 лажици масло
- 2 пати јогурт
- 1 прашок за пециво
- Половина коцка квасец
- 4 лажици млеко
- 2 лажички шеќер
- Малку сол
Припрема
Измешајте половина од квасец во 4 лажици млеко и додадете шеќер и сол. Во ова се мешаат сите други состојки и се меси тестото.
Добиеното тесто се стави во пластична кеса, но се врзува така што се остави малку простор, бидејќи тестото ќе се зголеми.
Ставте го во фрижидер. По два часа ладење, може да се користи. Така подготвеното тесто може да стои во фрижидер до 10 дена
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа