Се погласно незадоволството на старите членови на СДСМ од политиките на Заев

Не стивнува незадоволството од членовите и симпатизерите на СДСМ за политиките кои ги води нивниот лидер Зоран Заев. Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук им порачува на Заев дека е доста со евтините трикови и глумата, нарекувајќи го его манијак, пишува Курир.

-Чекај бе мајсторе, не си одржал Конгрес за после избори. Месец и половина помина откако најави и изнесе луѓе на улица дека си победил, па испадна не си победил, па даваше забрани кој како да коалицира, па влезе во хибернација и зимски распуст, па се разбуди да даваш препораки до општинските организации да имале ако сакаат избори меѓу кандидатите за градоначалници. Препораки?! Слушај, вакви срања во општава депресија, за да те аплаудираат дека си демократ едни исти луѓе, знаеш колку вредат, ништо, нула. Само кажуваат дека си его манијак. Прво се отвара конгрес да се констатираат изборните резултати, па да објасниш зошто манипулираш со сопствениот електорат, па потоа демократизирај се. Ама ти не постапуваш демократски консекветно, па пушташ вакви медиумски пуфки. Исто ко што имаше средби со 120 невладини на кои седеа 40 души. Дајте прекинете да глуматате, доста со вакви ефтини фори, пишува Мицковски на Фејсбук.

ivor mickvski

 
 
26.01.2017 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега