Украдени 40 компјутери од Правниот факултет во Скопје

 

Ноќта помеѓу 10-ти и 11-ти на Правниот факултет "Јустинијан Први" во Скопје, од компјутерскиот центар непознат сторител украл 40 компјутери.

Кражбата била извршена на тој начин што крадецот влегол во центарот со сечење на решетки од надворешен прозорец и украл околу 40 компјутери.

Полицијата ќе врши увид на местото на настанот.

10:25

најчитано сега