Даштевски: Очекувам во понеделник да биде објавена новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ
Моите очекувања се дека ставот ќе го има во недела, бидејќи тоа е последен ден кога треба да се одлучи со оглед на тоа дека 29-ти се паѓа во недела, веќе во понеделник очекувам дека ќе биде објавена новата влада помеѓу победниците на овие избори, а тоа се ВМРО-ДПМНЕ од македонскиот блок и ДУИ од албанскиот кампус, кажа Даштевски во вестите на ТВ Нова.
– Мислам дека нема да отстапи бидејќи во политиката како и во животот е многу важно она што ќе се вети да се почитува, бидејќи знаеме што се случуваше тие две години од 2006-та до 2008-мата, дури имаше и немири кои ги организираше ДУИ. Беше повреден и еден новинар, па дојде до тој мајски договор по барање на ДУИ и сега ДУИ треба да си го погази своето барање само поради некои работи ои се нелогични затоа што ДУИ досега функционираше 10-години, беше што беше, не успеаја тие вештачки креирани сценарија и сега треба да се вратиме во нормала во интерес на граѓаните на Македонија, смета Даштевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа