Фатен малолетник кој пустошел низ Скопје

 

МВР го фати 17-годишниот Б.А. од Скопје кој во периoдот од Јануари до Мај годинава, извршил девет кривични дела и тоа седум тешки кражби и две одземања на моторно возило.

Првото кривично дело тешка кражба пријавениот и останатите лица го извршиле на 30/31.01.2013 година, во времето од 15.00 до 09.00 часот на улица ‘’Перо Наков’’ бб каде што е лоцирана фирмата “УНИТРЕЈД 2012” ДОО сопственост на П.А., каде украле компјутерски монитор и куќиште од компјутер марка “Токен”, еден преносен компјутер марка “FUJITSU-SIEMENS” и еден џемпер бордо боја, причинувајќи материјална штета од 60.000.оо денари. Тешката кражба ја извршиле на тој начин што дошле на наведеното време и место и од задната страна на објектот се доближиле до канцеларијата. Со помош на физичка сила и погоден предмет, осомничениот го скршил прозорското стакло од канцеларијата и преку неправилниот отвор влегол внатре и по кратко претурање и пребарување ги одзел наведените предмети, додека останатите биле надвор и чувале стража, по што сите без да бидат забележани се оддалечиле.

Втората тешка кражба ја извршиле на 02/03.02.2013, во времето од 22.30 до 07.45 часот на ул. ‘’Благоја Стефковски’’, каде што е лоцирана месарницата и сендвичара ‘’Грил Хаус’’, сопственост на М.П., при што украле 6.000.оо денари. Начинот на извршување бил ист како и првиот пат, односно во овој случај со употреба на погоден предмет го скршиле стаклото од прозорот на тоалетот и преку направениот отвор Б.А. ја дофатил рачката на прозорот, го отворил прозорот, влегол внатре и по извршеното претурање и пребарување по регистер касите ги украл парите додека останатите чувале стража.

Третата тешка кражба ја извршиле на 14/15.04.2013 во времето од 13.00 до 08.30 часот, на улица ‘’Жан Жорес’’, поточно во рибарницата “Рибоекспорт”,  сопственост на В.С. каде што пријавенииот и останатите лица украле околу 10 кг. замрзната риба, неколку паштети и 3.000,оо денари, причинувајки материјална штета од 5.000,оо денари. Со физичка сила и погоден предмет делувале на влезната врата, но не успеале да ја отворат, па потоа насилно со туркање успеале да го отворат прозорот над влезната врата, при тоа го откорнале и го турнале клима уредот и со прекачување Б.А. влегол во рибарницата, каде што ги одзел наведените премети, со помош на оригиналниот клуч кој бил оставен вметнат во бравата од помошната влезна врата, ја отворил, додека другите чувале стража, по што го напуштиле лице местото и сите со возилото се упатиле кон нивните домови. Наредниот ден украдената риби, паштети и пари ги поделиле.

Четвртата тешка кражба ја извршиле на 13/15.04.2013 во времето од 19.00 до 08.00 часот, на улица ‘’Жан Жорес’’, поточно во продавницата за обувки “Александар Тренд”, сопственост на Ж.П. каде украле 55 пара машки патики и 25 пара кожни машки чевли, причинувајки материјална штета од 103.900 денари. Тешката кражба ја извршиле со помош на физичка сила. Со бекатон плочка скршиле едно од стаклата од светларникот од помошната просторија на продавницата која се користи како магацин, со прекачување Б.А. влегол низ направениот отвор во магацинот, каде по кратко претурање и пребарување, од рафтовите ги одзел предметите, додека другите чувале стража, по што по истиот пат со возилото се упатиле кон нивните домови. Едно од останатите наредниот ден украдените чевли, ги продал на лице во Шуто Оризари.

Петтата тешка кражба ја извршиле во периодот од 30.04.2013 од 15.00 часот до 02.05.2013 година до 06.30 часот, на ул.„Благоја Стевковски“ во отпадот Метал Суровина, сопственост на Ј.Д., каде што најпрвин ја прескокнале бетонската ограда на отпадот, влегле внатре во кругот, го скршиле прозорското стакло од канцеларијата на управителот и од внатрешноста украле 15 котури од по 100 м. кабел, една хилта ЛБД, 6 бакарни тави, 2 бакарни грниња, еден бакарен послужавник и еден бакарен котел. На еден од пунктовите пронашле оригинал клучеви од товарно моторно возило, марка Мерцедес со скопски регистерски ознаки, на кое што возило од паркиран виљушкар го извадиле акумулаторот и го поставиле на товарното моторно возило, и од кругот на отпадот украле уште 4 акумулатори и 500кг ПГП кабел, разен алат, една брусалка марка Махита и од виљушкарот украле 7-8 литри нафта. Украдените предмети ги натовариле во товарното возило коешто претходно успеале да го стартуваат со оригиналниот клуч, односно претходно ги скршиле насилно катанците од влезната врата и со возилото го напуштиле лице местото заминувајќи во правец кон Бутел, каде во див отпад ги продале предметите, а товарното возило го оставиле на ул.Александар Урдаревски и со такси си заминеле дома. На 27.05,2013 од страна на полициски службеници беше пронајдено товарното возило и вратено на сопругата на оштетениот.

Шестата тешка кражба, го извршиле на ден 24/25.05.2013 во времето од 16.30 до 06.30 часот на ул.Благоја Стевковски каде од отпадот Метал Суровина, украле 300-400 кг кабел, околу 300 метри подземен кабел, 100 кг месинг, кабли од разни апарати и машини, 2 акумулатори, продолжни кабли од 100 метри, 2 нови колички за амбалажа, куќиште од компјутер, а од кругот на отпадот одзеле и ПМВ „Хонда Леџенд“, сопственост на оштетената Д.Р. Делата биле извршени на тој начин што сторителите ја прескокнале бетонската ограда на отпадот, влегле внатре и насилно отвориле еден од прозорците од канцеларијата на управителот и од внатрешноста пронашле клучеви од ПМВ кое Б.А. успеал да го стартува, а од кругот на отпадот ги украле останатите предмети, ги натовариле во возилото. го скршиле катанецот од влезната капијата на отпадот, преку која излегле со возилото и се упатиле во правец кон Шуто Оризари, каде на НН лице ги продале украдените предмети, а возилото го оставиле на ул„Александар Урдаревски“, каде што претходно го оставиле и украденото товарно возило.

Седмата тешка кражба, го извршиле во периодот од 25-27.05.2013 во времето од 19-07 часот, на ул.Благоја Стевковски, поточно во плацот на Метал Суровина, од каде украле 700 кг кабел, бакарен кабел околу 150 кг., половни мотори од фрижидери 150 парчиња, ел. Кабел  5 x 10 околу 20 метри, кабел 3 x 1.5 околу 10 метри, 2 брусалки голема и мала, тврд алуминиум 200 кг и околу 100 кг месинг, причинувајќи материјална штета околу 210.000 илјади денари. Тешката кражба ја извршиле со прескокнување на бетонската ограда, од каде преку насилно отворениот  прозорецот од канцеларијата,  влегле внатре. Одземените предмети ги натовариле во ПМВ „Опел Вектра“, сопственост на таткото на Б.А. и заминале. Наредниот ден, украдените предмети ги продале во Шутка, во див отпад, а парите ги поделите.

Б.А. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што досега повеќе пати е кривично пријавуван и казнуван.

Тој заработи притвор во времетраење од 30 дена.

ФОТО: Денешен

 

12:57

најчитано сега