Реформа на пензискиот систем во Македонија

 

Експертите се сомневаат дека бројот на оштетени граѓани кои ќе завршат со драстично помала пензија од заработената е повисока, од засега детектираните 300 осигуреници

За одржливи и повисоки пензии потребна е итна пензиска реформа, ослободена од партиски притисок и спроведена со консензус на пензиските друштва и науката. Во спротивно, со сегашните решенија ќе се создаде армија на сиромашни пензионери.

Откако неколку граѓани се пожалиле до народниот правобранител дека добиле решенија за пониска пензија од заработената, од канцеларијата на правобранителот велат дека во прашање се стотици случаи, но граѓаните  се уште не се свесни затоа што не оствариле право на пензија. Штетата им била нанесена откако се зачлениле во вториот пензиски столб без да бидат информирани за последиците. 

 

По овој настан, работна група од Министерството за труд и социјална политика анализира по што ќе предложи измени во законите за да се овозможи придонесите на оштетените осигуреници да се трансферираат од приватните друштва во ПИОМ за овие осигуреници да се вратат во едностолбниот пензиски систем се со цел пензијата која ја заработиле да им биде исплаќана во целост.

 

 

 
 
28.01.2017 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега