Конференција за зголемување на вработеноста на младите во Европа

 

Националниот младински совет на Македонија денеска организира конференција на која ќе бидат споделени практики и иновативни модели за подигнување на вработеноста на младите во Европа.

Конференцијата е дел од активностите на проектот „Со работни вештини до можности за младите“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

На конференцијата ќе учествуваат британскиот амбасадор Чарлс Гарет, претставници на Агенцијата за вработување, на Европскиот младински форум и на националните младински совети од повеќе европски држави. 

 
 
31.01.2017 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега