Грчева: Изборите не решија ништо, влеговме во нов циклус на криза

Некако сите почнаа да ја префрлаат топката еден кон друг, а тоа очигледно значи дека ситуацијата е многу покомплицирана од ова што навидум изгледа“, изјави Солза Грчева во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

Поранешната пратеничка смета дека изминативе, предвремени избори не беа обични избори, туку избори коишто наместо да ја решат политичката криза, нѐ внесоа во нов циклус на криза.

„Тоа за мене не беше неочекувана работа, многу пати предупредував дека изборите нема да ја решат кризата. Сите веруваа дека по овие Пржински договори ќе дојде до некаква разрешница, но не дојде, влеговме во поголема криза од која ќе има последици“, истакна Грчева.

Солза Грчева и Веле Алексоски беа гости во „Отвореното студио“ со Бојана Димитријевска на тема „Нови избори или 61 потпис?“.

 
 
02.02.2017 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега