Магла и минусни температури во Скопје

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во крајните западни делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. По котлините ќе има магла, но кон средината на денот ќе настапи извесно расејување на маглата. На повисоките места и на планините ќе биде потопло. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од пет до 13 степени.

Во Скопје слично време, изутрина магливо и тивко, кон средината на денот ќе има извесно расејување на маглата која во ноќните часови повторно ќе се формира. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви период и со појава на магла по котлините и речните долини. Ќе има повремен слаб дожд кој ќе биде повеќе застапен во западните делови на земјава. В понеделник се очекува врнежите да се прошират насекаде и да бидат поинтензивни. Кон крајот на денот ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините. 

 
 
03.02.2017 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега