ФОТО: Албанец од скопско Грчец убиен во Сирија
38-годишниот Имер Ниметула од скопското село Грчец е убиен деновиве во Сирија, објави порталот Алмакос.
Ниметула или Абу Зијат, како што бил познат, е третиот Албанец од Македонија, кој е убиен во борбите во Сирија.
Пред недела дена во Сирија беше убиен оџата од Скопје, Сами Абдулаху, а пред неколку месеци и дваесет и осумгодишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија.
ФОТО: Алмакос
11.08.2013 - 23:25