Роналдо демантира: Не ја изневерив својата девојка!

 

Кристијано Роналдо ги демантираше наводите изнесени во британските таблоид „Сан“ дека ја изневерил својата девојка, Ирина Шаек со бразилската мис задник, Андреса.

-Бев информиран дека весникот „Сан“, верен на својата уредувачка политика, ќе објави репортажа каде и’ се дава збор на некоја си Андреса, некоја што бара внимание на моја сметка. Се прашувам зошто ова се случува на само еден ден пред многу важен натпревар за мојот тим. Длабоко сум вознемирен од ситуацијата која што во суштина треба да влијае на мојот приватен живот, само сакам да образложам дека јас навистина бев во хотелот Вила Магна на 22 ри април и дадов интервју за Ману Саинц, што и самиот репортер може да го потврди. Сето друго е само измислица, напиша Роналдо на својот Фејсбук профил.

најчитано сега