Со флаери и плакати ќе се опаметуваат возачите во Македонија

 

На граничните премини, патарините и бензински станици ќе се дистрибуираат флаери и плакати за поголема безбедност во сообраќајот.

Ова се само дел од предвидените активности за интензивирање на летната кампања 2013 што ја спроведува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот чија цел е подигнување на јавната свест, подобро информирање и предупредување на возачите.

Флаерите и плакатите ќе содржат совети за безбедно возење, за правење паузи и одморање, како и препораки да не се фрлаат отпушоци од возилата кои може да предизвикаат пожар. Тие воедно ќе потсетат дека брзината е главна причина за сообраќајните незгоди и дека мора да се почитуваат сообраќајните правила и прописи во туристичките центри. 

најчитано сега