Имате уште еден час да ги наполните автомобилите со гориво
Уште само еден час ви остана да ги наполните резервоарите на Вашите автомобили по старата цена со оглед на тоа што од вечерва горивото поскапува за половина денар по литар. Ако имате резервоар од 50 литри ќе заштедите 25 денари.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 53,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува 68,50 ден/лит.
За еден денар поскапува Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 42,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 0,680 денари и килограм ќе чини 27,845 денари
Ако можеби поскапувањето не е некоја добра причина за да го полните резервоарот, тогаш може треба да размислите за најавата за можна нафтена криза откако Грција, поради протестите ја затвори границата со Македонија и цистерните со гориво не можат да влезат на македонска територија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа