За 3 месеци 3,3 милиони евра профит за ВИП
Во вториот квартал од 2013 година Вип ја засили својата позиција на исклучително конкурентниот пазар на мобилна телефонија во Македонија. Вип го зголеми својот пазарен удел од 26% минатата година, на 28% во вториот квартал од 2013 година. Претплатничката база продолжи да расте и достигна повеќе од 620.000 корисници. Со двоцифрен раст од 13%, приходите пораснаа до 16.5 милиони евра во второто тримесечје на 2013г.
Заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (EBITDA ) е повисока за 33% и изнесува 3.3 милиони евра, со маргина на профитабилност која се подобрува од 17% до над 20% за второто тримесечје на 2013 г.
Солидното работење доведе до оперативен резултат кој е повисок за 0.9 милиони евра во споредба со минатата година.
- Задоволни сме со резултатите кои ги постигнавме во вториот квартал годинава. Во услови на хипер-конкурентно пазарно опкружување и намалување на стапката на мобилна пенетрација, прикажавме солиден раст во корисничката база и приходите. Тоа консеквентно се отсликува и во зголемување на заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (ЕБИТДА) од 33% во однос на истиот период минатата година. Тимот на Вип ќе продолжи да ги опслужува своите корисници со најдобрите понуди, ќе продолжиме да инвестираме во нашата мрежа за повеќе придобивки на нашите корисници, вклучувајќи ја тука и нашата неодамнешна инвестиција во радио фрекфенции за обезбедување на услуги од последната четврта генерација (4Г) на мобилни комуникациски услуги, - изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип.