Крвава тепачка во Гостивар - двајца браќа донесени во бесознание во Ургентниот во Скопје
Утрово околу 4 часот двајца браќа од селото Сенокосе, Гостиварско биле најдени во бесознание со повреди во пределот на главите.
Се работи за К.А. и Н.А. кои веднаш биле префрлени на Ургентниот центар во Скопје.
Според првичните сознанија на МВР, лицата облеани во крв и несвесна состојба, на локалниот пат Неготино Полошко - Сенокосе ги пронашол осумнаесетгодишник од селото Неготино Полошко, по што го пријавил случајот. Екипа на полициската станица Гостивар, извршила увид и трага по напаѓачите чиј идентитет не познат.
Најверојатно, браќата претходно имале расправија со други две лица околу наводновување на нивите, а според нефицијални извори, напаѓачите по тепачката побегнале со возило во непознат правец.
11:00