Груби: Ако СДСМ ја прифати платформата нема да има пречки за формирање на Влада

 

Шефот на кабинетот на претседателот на ДУИ, Артан Груби во интервју на ТВ Алсат во емисијата „200“, изјави дека ДУИ и СДСМ продолжуваат со внатрепартиски консултации и дека доколку биде прифатена платформата на албанците, вклучувајќи и официјализирање на албанскиот јазик, ќе нема друга пречка за формирање коалиција за нова Влада.

- Не гледам причина зошто да не прифатат. Верувам дека тоа ќе го одразат и не гледам причина зошто ниту еден Македонец да не прифати, бидејќи оваа платформа и помага на социјалната кохезија, граѓанската еднаквост, и е добра за Република Македонија. Дали мислите дека преговорите ќе можат да завршат брзо, ако постои таков дух? Ако има конструктивен дух и ако постои подготвеност да се рефлектираат овие потреби, да, апсолутно да - изјави Артан Груби. 

Што содржи платформата на албанските партии прочитајте тука

 
 
07.02.2017 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега