Латас: Преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се завршени
Според Латас, нема двајца победници- во албански и македонски блок, победник е само ВМРО-ДПМНЕ.
-Фактичката состојба кажува дека ВМРО е победник на овие избори со околу 17.000 гласа повеќе од СДСМ, што за македонски услови и за македонска држава каква што е мала- 17.000 гласа е респективна бројка.
Латас додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се уште ги нема завршено преговорите со ДУИ.
-Да прецизираме, ДУИ не даде одговор до ВМРО-ДПМНЕ дали нивниот предлог за коалиција, како мандатари тие предлагаат, е прифатен или не. Рекоа да разгледаме и други можности па ќе се произнесеме. Ние единствено имаме една изјава на Али Ахмет во која тој вели- една фаза е завршена отвораме втора, но не е процесот завршен, фазата е. Кога ќе завршат преговорите помеѓу ДУИ и СДСМ можеме да го очекуваме финалниот одговор кој може да биде и на едната и на другата страна и второ, не заборавајте бидејќи сосема некоректно е и неполитички, ДУИ преговараше со СДСМ и во 20-те дена кога Груевски го имаше мандатот. Знаеме дека некои потпретседатели на ДУИ јавно одеа во СДСМ за да се консултираат и добијат некаква информација што на нив им е потребна. Така да преговорите за избори не се завршени, јас не очекувам ни СДСМ брзо да ја заврши својата фаза, рече Латас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа