Татко дава оглас: Си го продавам синот дебил, може и замена! (ФОТО)

 

Навикнати сме да гледаме секакви огласи на Интернет, но дефинитивно ваков немаме видено до сега. На страницата Пик.ба еден татко се решил да си го продаде сопствениот син, па напишал: - Си го продавам синот дебил, може и замена!

Огласот е сместен во категоријата коњи, а таткото бара некој или да го купи неговиот син кој би можел да го издржува, или да го замени за нешто друго. 

- Спие до пладне, јаде, се шминка половина час, ја мести фризурата, оди на кафе со постари девојки, доаѓа се тушира и повторно се одново, јаде, излегува со теткици, доаѓа во 5 наутро...напиша таткото.

- Не е многу напорен зошто ретко ќе го гледате дома. Кој сака да го земе ако сака и ќе му доплатам само моите очи да не го гледаат, додава таткото.

Не знаеме дали навистина огласот доаѓа од таткото или само некој сакал да се пошегува на нивна сметка.

 

12:03

најчитано сега