Конгресмен Дејв Трот: Поддршка за суверена и силна Македонија
Наш заеднички интерес е суверена и силна Македонија. Ние мораме да ја поддржиме ваквата Македонија наместо да го поткопуваме нашиот важен сојузник, изјави конгресменот Дејв Трот, копретседавач на бипартиската конгресна комисија за Македонија и Македонците во САД.
Трот, по средбата со претставници на Обединетата македонска дијаспора во САД, порача дека Македонија била и е клучен партнер во унапредување на американската национална безбедност низ светот.
- Македонската дијаспора во Америка беше и е клучен дел од нашата заедница со своето учество во различноста и унапредувањето на целата наша нација, изјави конгресменот Трот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа