Семинар УМС: Улогата на младите во креирање на локални политики

УМС на ВМРО-ДПМНЕ за време на викендот организираше семинар на тема Јакнење на капацитетите-Улогата на младите во креирањето на локалната политика, кој се одржа на Попова Шапка.

На семинарот учествуваа на 50-тина членови и симпатизери од подмладокот на партијата.

Предавачи на семинарот беа Стефан Андоновски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Карапетрова, поранеше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски, заменик министер во министерството информатичка технологија и администрација.

ums2

 Ова не е прв ваков семинар кој го организира УМС, изминатиов период вакви семинари се организираа и во Битола, Струга и Кавадарци.

ums

Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ информираат дека и понатаму ќе продолжат со слични обуки и семинари во различни општини низ Македонија.

 

 

 

13.02.2017 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега