СИТЕЛ: Грција лута на Курц за употребата на уставното име

Употребата на уставното име на земјава од страна на шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, кој во континуитет се користи со терминот Македонија, стана наслов во грчките медиуми наспроти изјавите поврзани со мигрантската криза, што ја оптоварува Грција во континуитет.

,,Курц од австриската народна партија го нарекува Скопје – Македонија – што ќе каже Мицотакис?’’ е насловот што доминира во известувањето на грчките медиуми за посетата на шефот на австриската дипломатија на Македонија и на граничната кота 59 на македонско-грчката граница.

Во написите во кои е видливо болдирано името Македонија што го користи Курц, се вели дека тоа е уште една антигрчка провокација од австрискиот министер за надворешни работи, од сестринската Европската народна партија на грчката Нова Демократија и се повикува лидерот на партијата Киријакос Мицотакис да реагира.

Интересно е што дури и во рубриката ,,На денешен ден’’ е наведено дека на денешен датум во 1993 година, тогашниот Премиер Константин Мицотакис, инаку татко на актуелниот лидер на Нова Демократија изјавил дека не е важно името што ќе го избере ФИРОМ, бидејќи за 10 години никој нема да се сеќава на тоа, алудирајќи дека дваесетина години потоа ситуацијата е непроменета.

 

 

 

13.02.2017 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега