ВМРО-ДПМНЕ: „Струмица гас“ не работи во полза на граѓаните - криминалите на Зоран Заев се повеќе се разоткриваат

Јасна и очекувана е паниката во СДСМ. Kриминалите на Зоран Заев се повеќе се разоткриваат.

Реакциите и на Јавното Претпријатие „Струмица гас“ и на првиот човек на комисијата за енергетика на СДСМ јасно покажаа како функционира тендерската шема на аболицираниот Зоран Заев и како парите на граѓаните завршуваат на сметките на партиските пајташи на Зоран Заев.

Јасно е дека ЈП „Струмица гас“ не работи во полза на граѓаните, туку ги извршува политичките нарачки на Зоран Заев.

Сега предметот е во рацете на Јавното обвинителство. Јавното обвинителство не смее да подлегнува на политичките притисоци од СДСМ. Треба да ги разгледа доставените докази и согласно закон да донесе одлука. Криење веќе нема. Секој што сторил криминал треба да се плаши затоа што ќе одговара пред законот.

 

 

 

13.02.2017 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега