Митрополит Агатангел: Македонските политичари да се обединат околу националните интереси

„Македонскиот ѓердан кој е испелетен од голем број на македонски дијаманти, никако не треба да дозволиме некој да го исече, да го искине, и ткивото македонско да го распарчи на илјадници парчиња” – порача од Прилеп, митрополитот Повардарски, г. Агатангел, алудирајки на актауелната разединетост меѓу Македонците, пишува порталот Религија.

Според него, на Македонија не и треба ниту двојазичност, ниту кантонизација, туку, по секоја цена – зачувување на јазикот, културата, нацијата, државата.

Agatangel 1„И она што е национално, националните интереси, државните интереси на народот за опстојувањето на нацијата на државата не треба никогаш да бидат спорни меѓу македонскиот народ. Не ни треба ни двојазичност, ни кантонизација, туку ни треба оваа света македонска земја. Пиринскиот дел ни го земаа, егејскиот дел ни го земаа, ни го земаа и западниот дел од земјата. Остане само вардарскиот дел, кој треба да го чуваме како зеница во окото. Во Австралија, Америка живеат многу нации, над 60 нации. И секоја нација ако бара свој јазик, што ќе стане од таа земја“, посочи владиката.

Митрополитот Агатангел посочи дека сите кои живеат во Македонија, во услови на едно мултикултурно општество, треба да се почитуваат меѓу себе и да градат соживот без никакви поделби, независно од нивната национална припадност.

 

 

 

13.02.2017 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега