Обвинителен предлог за вработениот во Кривичниот суд за „загрозување на сигурноста“ на портпаролката

Горан Стаменковски, вработениот во Основниот Суд Скопје 1 за кој се пишуваше дека нападнал своја соработничка заработи обвинителен предлог. Според документите објавени на повеќе медиуми Стаменковски е обвинет за „загрозување на сигурноста“ според член 144 од КЗ. Обвинет е загрозување на сигурноста на Паула Костадиновска која исто така е вработена во судот како портпарол.

-На 15.11.2016 година, околу 11:30 часот, Стаменковски со сериозна закана дека ќе нападне врз телото на службено лице- оштетената Паула Костадиноска, вработена во Основниот суд Скопје 1 Скопје како советник, портпарол, а во вршење на службата и ја загрозил сигурноста на начин што откако влегол во канцеларијата се доближил до оштетената и почнал да ја бутка од столчето на кое седела обраќајќи и’ се на висок тон со зборовите “станувај од столчето“. Се заканил со зборовите “ќе видиш што ќе ти направам, ќе ме паметиш цел живот, нема да знаеш што ќе ти се случи“, а во еден момнт се свртел и кон сведокот- судија мафтајќи со прст и заканувајќи се со зборовите „еве и пред сведок ти кажувам што ќе ти се случи, ќе ме паметиш цел живот“, со што предизвикал чувство на страв и лична несигурност кај оштетената, се вели во обвинителниот предлог.

Според Обвинителството, со овие дејствија обвинетиот Стаменковски сторил кривично дела “загрозување на сигурноста“ од член 144 од Кривичниот законик. Јавен обвинител предлага Судот по изведените докази обвинетиот да го прогласи за виновен и казни според законот за стореното кривично дело.

Стаменковски пак истовремено поднесе пријава за мобинг против екс претседателот на Основниот Суд Скопје 1 Владимир Панчевски како и две кривични пријави со тврдење дека подолг временски период бил неосновано казнуван и прераспределуван на различни работни позиции. Неодамна, медиумите објавија фотографии на кои се гледа како Стаменковски е учесник на протестите на таканаречената „Шарена револуција“

 

 

 

14.02.2017 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега