Во Куманово беснееле 110 пожари за месец и пол

 

Од почетокот на месец јули до денеска, Територијалната противпожарна единица-Куманово бележи 110 интервенции, од кои 65 пожари се случиле само во јули, а од нив 55 биле на отворен простор.

Според командирот на ТППЕ, Дејан Илиевски, најголем дел од пожарите се случиле на подрачјето на општина Куманово.

- Најчесто гореле сува трева и стрништа. Во однос на минатата година бележиме намален број нтервеници на објекти, вели Илиевски.

Во првите денови од август ТППЕ Куманово бележи 45 интервенции, од кои најголем дел се случиле на отворен простор.

Во текот на летниот период во ТППЕ вработени се осумнаесет сезонски пожарникари со што се олеснува работата на единицата. Овие податоци споредени со истиот период од минатата година укажуваат на намалена бројка на пожари. Инаку,само за викендот ТППЕ Куманово интервенирала на тринаесет пожари од кои дванесет на отворен простор во неколку кумановски села и една интервенција на опожарено патничко моторно возило. 

најчитано сега