ОФИЦИЈАЛНО: Тодор Гечевски и се приклучи на репрезентацијата
Ветеранот Тодор Гечевски и официјално и се приклучи на кошаркарската репрезентација на Македонија.
Гечевски попладнево им се приклучи на останатите репрезентаивци кои ги одработуваат подготвките за престојното Европско првенство во Словенија од 4 до 22 септември.
Молбите упатени пред сед од соиграчите, но и од македонската јавност вродија со плод, па Гечевски ја смени својата минатогодишна одлука, да се повлече од репрезентацијата.
- Во контакт со играчите и стручниот штаб, дојдовме до заклучок дека можам да и помогнам на репрезентацијата. Иако немам многу време, сепак мислам дека е доволно да направам подготовки и колку толку со своето искуство да му помогнам на тимот, изјави Гечевски на попладневниот тренинг, прв за него по завршувањето на сезоната со екипата на МЗТ Скопје.
Кавадарчанецот беше искрен признавајќи дека, по речиси дво месечната пауза и отсуство од кошаркарските терени, не е во натпреварувачка форма.
Сепак тој верува дека Македонија има одличен тим и дека ќе се претстави во добро издание на Европското првенство во Словенија, нагласувајќи дека сега помладите имаат поголемо искуство и од нив ќе се очекува и поголема одговорност.
- Треба да одиме чекор по чекор. Мојата прва надеж е да ја поминеме групата. Се надевам дека сите оние кои ќе дојдат да не бодрат во Словенија ќе бидат задоволни од нас за на крајот да стигнеме што е можно подалеку, нагласи Гечевски.