Бејли за Сител: Никој не знаеше со што ќе се соочи СЈО
Амбасадорот на САД Џес Бејли смета СЈО има важна улога до крај да ги расветли фактите. Вели дека ги земаат предвид тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека оваа институција работи селективно но смета дека е важно да не се остане во атмосфера на сомничавост.
- Секако дека ги слушаме сите гледишта на политичките партии вклучително и гледиштата на ВМРО-ДПМНЕ. Нема причина да не го правиме тоа. Но сметам дека по прашањето за СЈО и продолжувањето на мандатот од 18 месеци за покренување обвиненија, важно е да направиме еден чекор назад и да се потсетиме дека поентата на СЈО е да воспостави одговорност за нелагалните прислушувани разговори и содржината на тие разговори, што тие можат или не можат да откријат. Во септември 2015та кога оваа институција беше воспоставена, не сум сигурен дали некој имаше добра претстава за тоа колкав материјал е во прашање, што тоа значи во смисла на задачата на СЈО да го прегледа и да одлучи што треба да се направи, експертите од САД со кои разговаравме и кои видоа каква е задачата, не веруваат дека тој материјал може да се прегледа во предвиденото време за обвиненија. Второто прашање се однесува на она во што јас исто така верувам а тоа е дека имаше солиден број на потешкотии и опструкции од институциите во делот на соработката со истрагите. Сметам дека е важно на крајот да се стаса до целта а тоа е да се утврди кои се фактите, што не е факт и да не се дозволи овој процес да заврши со тоа сите да останат со погрешни информации, озборувања, шпекулации и така да се заврши. Целта е да се утврдат фактите и да не се остане во атмосфера на сомничавост, вели амбасадорот на САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа