Јаковлевски: И животите ќе ги дадеме ама нема да дозволиме разнебитување на Македонија
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва заседава и ги разгледува најновите случувања околу актуелната состојба и понатамошните чекори кои ќе се превземат, информираат од партијата. Ќе се разговара за политичката ситуација и за следните чекори на партијата, но не прецизираат кои се тие. Антонио Милошоски за медиумите изјави дека политичката ситуација се движи во непожелна насока и дека не јао дразува волјата на гласачите. Прецизираше дека тие чекори нема да го загрозат мирот и стабилноста во Македонија. Извршната власт мора да биде одраз на волјата на гласачите, но дека власта не е опција по секоја цена. Изјава даде и Мане Јаковлевски кој рече дека нема да дозволи разнебитување на македонскиот народ.
24.02.2017 - 21:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа