Македонија добива пластични пари

 

Во тек се подготовките за пуштање во оптек на првите пластични пари.

Станува збор за банкнотите од 10 и 50 денари кои ќе бидат пластични доколку се се одвива според предвидената динамика, во оптек се планира да бидат пуштени кон крајот на годинава, пишува Вечер.

Лабораториските тестови покажале дека полимерните банкноти се деформираат и топат на температура од 120 степени Целзиусови, што значи дека тие без оштетување можат да преживеат во машините за перење, почисти се и потешки за фалсификување. Банкнотите од десет и педесет денари или во народот по популарно наречени книжни пари, требаше сукцесивно да се повлекуваат од оптек и да се заменат со кованите или т.н. железни пари во апоени од 10 и 50 денари. Од тие причини од 2013 година веќе не се ни печатат книжните банкноти во овие апоени.

Замената на книжни со ковани пари беше од една единствена причина: бидејќи тие се најупотребувани во платниот промет, најбрзо и се изабуваат, па со цел да се намалат трошоците за нивно често печатење, се отиде на замена на банкотите со ковани десетки и педесетки

 

 

27.02.2017 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега