Синот кој беше ставен на продажба: "Татко ми не сака да ме продаде - знам кој ми го направи ова"

 

Младиот Дејан М. кој беше ставен на продажба од страна на неговиот татко преку оглас на порталот Пик.ба и тоа во категорија коњи, си ја отвори душата и за весникот Блиц раскажа што всушност се случувало.

21-годишниот Дејан вели дека сето ова е голема лага и дека неговиот татко секако не сака да го продаде: - Луѓето од моето опкружување се многу љубоморни и завидни. ЗНам кој ме намести вака. Таа личност сака да ме испровоцира, но нема да и успее. Јас ќе постапам паметно и ќе ја игнорирам целата ситуација, вели Дејан за Блиц.

Инаку, во огласот кој се појави вчера и веднаш стана хит на Интернет и социјалните мрежи го пишуваше следново: - Спие до пладне, јаде, се шминка половина час, ја мести фризурата, оди на кафе со постари девојки, доаѓа се тушира и повторно се одново, јаде, излегува со теткици, доаѓа во 5 наутро. Не е многу напорен зошто ретко ќе го гледате дома. Кој сака да го земе ако сака и ќе му доплатам само моите очи да не го гледаат. На огласот пишуваше дека наводно го објавува изреволтираниот татко на момчето, а беше сместен во категорија коњи.

10:08

најчитано сега