Каракамишева: Неприфатлив е обидот во Македонија да се всади антиуставна и велепредавничка платформа

Државен удар прават лидерите и партиите кои сметаат дека претседателот по автоматизам треба да додели мандат, смета универзитетската професорка Тања Каракамишева, коментирајќи ја изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој предмалку на прес конференција истакна дека претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со одлуката да не му го додели мандатот нему, го пречекорил Уставот и извршил државен удар.

-Претседателот на Република Македонија не е восочна фигура што некој сака да ја моделира како што му одговара, не е институција чии надлежности се само од формален карактер ставени во Уставот, посебно за прашањето за составување Влада. Оние експерти, лидери и партии кои сметаат дека претседателот по автоматизам треба да го додели мандатот зашто некој му донел во папка 67 потписи, тие се оние кои прават државен удар зашто не ги почитуваат институциите на државата, ниту државниот поредок во Република Македонија и сакаат преку мала врата да ни всадат нешто што е тотално непознато за демократски систем и демократска држава, изјави Каракамишева.

Додаде дека е неприфатлив обидот во Македонија да се всади антиуставна и велепредавничка платформа создадена во друга држава, а зад која што, како што рече,  стојат институции на други држави и скриени фактори кои сакаат да се претстаават дека се за подобар живот во Република Македонија, а всушност го прават спротивносто.

 

 

 

 

01.03.2017 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега