Ристовски: Платформата како „кукавичко јајце“ ја сврте опозицијата од демократската јавност

„Во теоријата на политичките науки постои стратегија за инсталирање на кризи. Ваквите стратегии се следени со манипулативни тактики. Во нашиот случај е применет таков концепт“, смета Љупчо Ристовски – претседател на институтот „Интегра“.

„ Платформата во суштина за мене е кукавичкото јајце коешто се подметна во гнездото на штотуку зачнатата демократска јавност којашто почна да се буди после резултатот на изборите од 11 декември. Во тоа гнездо се подметна ова кукавичко јајце-платформа и сега наместо да го храните оној дел од оската којшто ви даваше предност пред изборите, тоа е соголувањето на оваа методологија на автократско владеење на владата во изминатите 10-11 години, каде што вие остварувате предност и ја билдате демократската јавност, одеднаш со кукавичко јајце ја трошите енергијата да го храните тоа кукавичко јајце и на тој начин постепено го губи потенцијалот и острицата овој друг дел којшто беше предност пред изборите. Ова е маестрално одиграна политичка игра, за жал опозицијата не ја прочита на време и мислам дека се уште ја нема сфатено“, изјави Ристовски во „Отворено студио“ на ТВ НОВА.

 

 
 

 

 

01.03.2017 - 21:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега