Климовски: Заев јавно да се откаже од албанската платформа ако сака некогаш да стане премиер

Тајмингот околу тоа кога излезе оваа албанска платформа е исто така добро определен, по изборите. Народот не гласаше за неа, дури и оние гласачи, македонски граѓани коишто гласаа за СДСМ гласаа за партиските програми. Тоа што е многу важно е дека Зоран Заев ако сака да биде мандатар или премиер во еден подоцнежен период, треба јавно да се откаже од албанската платформа, смета универзитетскиот професор Александар Климовски.

Во „Отворено студио“ на ТВ НОВА тој истакна и дека доколку некоја партија ја вклучи платформата во статутот, судот ќе треба да ја укине.

„Јавно да кажат сите што ја прифатија албанската платформа дали нејзините принципи и цели кои се антидржавни и антиуставни, постојат како принципи и цели во нивните партиски статути?! Ако одат нивните статути на ревизија пред регистрациониот суд на партиите прашање е дали ќе поминат. Ако тие програми коишто се во албанската платформа, која е платформа на друга држава, се преточат во нивните партиски статути, тогаш нивните статути при пререгистрација нема да можат да поминат, практично тие партии ќе бидат укинати од страна на самиот суд како антиуставни“, заклучи Климовски.

 

 

 

 

 

 

01.03.2017 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега