Блокиран патот Прилеп - Битола - Ресен - што се случува?

 

Во прекин е сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп - Битола - Ресен преку Обиколница Битола поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сепак се пренасочува преку Битола. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

 

 

 

03.03.2017 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега