Делчево порачува: Иванов да опстои на одлуката, да не го доделува мандатот

Сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа за заедничка Македонија и да ги отфрлат платформите пишувани во другите држави, порачаа учесниците на денешниот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“ што за прв пат се одржа во Делчево.

– Бараме од политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите. Бараме од партиите, посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштаат да се гласа во Собранието за двојазична Македонија, затоа што тоа ќе биде вовед во редефинирање на Македонија, истакна Кирчо Атанасов, претставник на граѓанската иницијатива.

Од претседателот на државата се бара да опстои на својата одлука, да го почитува Уставот и да не го доделува мандатот по истекувањето на уставниот рок.

Протестниот марш се одвиваше по улиците во центарот на Делчево и помина мирно.

 

 

 

03.03.2017 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега