Илиевски: Нема срам од љубовта кон татковината

Илјадници граѓани се излезени на улиците во 16 града низ државата, каде што и вечерва се одржуваат масовните протести што ги организира граѓанската асоцијација „За заедничка Македонија“. Скопје, Битола, Велес, Кавадарци, Прилеп, Куманово, Охрид, Струмица, Гевгелија се само дел од градовите каде што вечерва се полни улиците и плоштадите.

 Меѓу насобраните има и голем број уметници, писатели, актери, пејачи, како и спортисти и обични граѓани кои, како што велат, излезени се на улица за да покажат дека нема да дозволат уривање на унитарноста на државата.

Од иницијативата „За заедничка Македонија“ денеска реагираа на нападите и навредите што се упатувани кон нив од страна на одредени политичари и медиуми.

- Нема срам од љубовта кон Македонија и нема повлекување. Меѓу нас има само вредности и само позитивна мисла. Затоа на сите стотици илјади граѓани што деновиве прошетаа на улиците на Македонија им благодариме и ги повикуваме да продолжиме на граѓански, домаќински, еснафски начин да ги промовираме вредностите за кои излегуваме на улица - реагираше Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“. Тоа што некои од политичарите за демонстрантите рекле дека се пијаници, бандити и фашисти, Илиевски го оцени како навреда на патриотскиот македонски народ. - Овие навреди, покрај тоа што се навреди за стотиците илјади што излегоа на улиците, се навреда и за уште милион луѓе кои се за заедничка Македонија. Тие се чесни луѓе, домаќини, еснафи од сите професии и возрасти. Културни луѓе кои ги обединува љубовта кон татковината, изјави Илиевски

 

 

 

03.03.2017 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега