Две невнимателни жени предизвикаа хаос - Норвежанка со „Мерцедес“ се забила во ресенчанка
34 годишната М.М. од Норвешка и 60 годишната ресенчанка Љ.Д. си заработија кривични пријави, откако нивната невнимателност довела до сообраќајна незгода.
Како што информираат од МВР, на 10. август, М.М. возела во рикверц со својот „Мерцедес Караван“ и не забележала дека зад неа со велосипед поминува Љ.Д.. Невнимателната Норвежанка се забила во ресенчанката, која непрописно ја преминувала улицата. Љ.Д. во несреќата заработила телесни повреди.
Полицијата одлучила и двете жени да ги казни со кривични пријави за „загрозување на безбедноста во сообраќајот“.